Home Актуелно Генерално сончев и топол вторник

Генерално сончев и топол вторник

Овој последен априлски вторник времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени. Во Маврово 16, Охрид 21, Битола 24, Крива Паланка 22, Берово 20, Кавадарци 25, Дојран 26.

Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…