Home Актуелно Генерално облачна и студена среда со повремени сончеви периоди

Генерално облачна и студена среда со повремени сончеви периоди

15-тиот декемвриски ден во Македонија носи променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени

Во наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. В петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…