Home Актуелно Газпром почна со изградба на морската делница од Турски тек

Газпром почна со изградба на морската делница од Турски тек

Газпром вчера од руското крајбрежје на Црно Море ја почна изградбата на морскиот дел од гасоводот Турски тек, соопшти оваа компанија.

Пред неколку дена ова на средбата со рускиот претседател Владимир Путин го најаваи шефот на Газпром, Алексеј Милер. Русија во декември 2014 година го обзнани проектот Турски тек како замена за Јужен тек.

Во еден период преговорите беа прекинати заради кризата во билатералните руско-турски односи. По средбата во Санкт Петербург меѓу претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во август минатата година повторно дојде до обновување на подготвителните работи на гасоводот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…