Home Вебкафе Газдата кој вработени ги прати на Сејшели и им купи автомобили сега направи НЕШТО ПОЈАКО

Газдата кој вработени ги прати на Сејшели и им купи автомобили сега направи НЕШТО ПОЈАКО

Црногорскиот бизнисмен Радомир Новаковиќ Цакан балканската јавност го запозна кога на вработените во неговата фирма, како награда за верност во работењето, им купи скапи автомобили и ги почести со летување на Бахамите и Сејшелите, иако лично тој не замина на патувањето со нив.

Цакан е познат по тоа што е газда на синџир спортски продавници, односно сопственик на најголемата продажна компанија кога е во прашање спортска опрема во Црна Гора.

Тој сега на своите вработени, како знак на благодарност за верноста и посветеноста во работата, им уплати крстарење со скапоцени и луксузни јахти.

Тој инаку го доби прекарот „брат“ кога пред 14-тина години тогаш 14-те вработени во неговата компанија ги награди со патување на Сејшелите и Бахамите и тоа без тој да оди со нив. За јавноста изјави дека тие тоа апсолутно го заслужиле.

Овој пат неговите вработени патуваа по Медитеранот со најлуксузниот „крузер“. А добија и нови автомобили Голф 6 и Поло, заедно со „каско осигурување“ за нив.

 

Во Бар сите го ценат како добар и дарежлив човеко кој секогаш се спремен да помогне. Еден работник кај него, кој собирал пари за да оди на некој натпревар во Бразил на Светско првенство, бил пријатно изненаден кога газда Цакан го почестил со влезница за натпреварот и пат дотаму каде заедно уживаа во спортскиот спектакл.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…