Газда на вработените им подели 10 милиони долари – просечен бонус беше 50.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога станува збор за предбожиќна и предновогодишна дарежливост и фер однос на газдите кон варботените, основачот и главен директор на една балтиморска градежна фирма, Едвард Сент Џон, го крена тој однос на едно ниво кое во споредба со другите светски газди (за нашиве да не правиме муабет) е светлосни години повисоко.

Едвард организираше божиќна забава за своите 198 вработени, каде објави дека на работниците ќе им подели во форма на бонуси вкупно 10 милиони долари.

Работниците кои долго работат за фирмата Сент Џон Проперис добиле поголеми бонуси, но просечниот износ кој работниците го добиле изнесува 50.000 долари. Меѓутоа, тоа не е сè што добија овие работници. Тие покрај бонусот, добија и годишен бонус кој традиционално го добиваат секоја година.

Како и што се очекувало, работниците воодушевени плачеа кога ги добија црвените пликови во кои се наоѓаше нивниот бонус. Едвард им рекол дека сите го добиваат својот бонус бидејќи компанијата ја достигнала својата цел, а тоа е изградба на површина од 20 милиони квадратни метри ширум САД.

„За да ја прославиме прославата на нашата цел, сакавме да ги наградиме нашите работници на таков начин што ќе има значително влијание врз нивните животи. Благодарен сум му на секој од нашите работници, на нивната работа и не можев ниту да замислам подобар начин тоа да го покажам, изјави директорот на компанијата“, пишува Метро.