Home Наука и техонологија Футуристички автомобилски концепт „ровари“ низ Барселона

Футуристички автомобилски концепт „ровари“ низ Барселона

Исклучително атрактивен футуристички автомобилски концепт деновиве се возеше на улиците од Барселона.

Според достапните информации, станува збор за концепт на „Рено“, кој ќе биде промовиран следниот месец на женевскиот автомобилски саем. Но, пред официјалната саемска премиера, беше направено снимање на автомобилот (веројатно за промотивни потреби) кое помина без никакви посебни безбедносни мерки.

Поради тоа, овој концепт имаа можност да го видат сите случајни минувачи се најдоа во близина на снимањето. Овој футуристички автомобил најверојатно се управува на далечинско управување, а се движи нечујно благодарение на електричниот погон.

За минувачите најпривлечен беше дизајнот. Тркалата се скриени од видик,а наместо класични врати, има стаклени панели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…