Home Шоубизнис Фустанот кој Монро го носела на голо додека пееше „Среќен роденден“ на Кенеди

Фустанот кој Монро го носела на голо додека пееше „Среќен роденден“ на Кенеди

Филмската и модна икона Мерилин Монро, која според многу параметри и расудувања е една од најубавите и најсексапилни жени на сите времиња, меѓу другите работи по кои беше позната во нејзино време, светот ја запамти и по роденденската песна и честитка за американскиот претседател Џон Кенеди.

Мерлин Монро наводно била гола под фамозниот фустан кој го носела додека пееше „Среќен роденден, господине претседателе“ на Кенеди.

По овој фамозен настап на Монро, почнуваат да се шират гласини за некаква поврзаност помеѓу нејзе и Кенеди.

Анегдота за Мерлин е откриена во новата книга, а потекнува од колумнистката Маурин Довд, која на писателите им рекла што некој нејзин пријател видел на тој фамозен настап.

„Ми рече: Стоев веднаш зад Мерлин кога ја отпеа роденденската песна на претседателот и се случи чудна работа. Нејзиниот фустан се помести во моја корист и видов дека таа под фустанот е целосно гола“, рекла Маурин.

А фустанот кој Мерлин го носела за време на овој настап е продаден на аукција во Лос Анџелес на неверојатни 4.8 милиони долари во 2016 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …