Home Актуелно Францускиот предлог објавен во превод на македонски јазик

Францускиот предлог објавен во превод на македонски јазик

Владата на Република Македонија денеска на официјалната веб-страница го објави текстот на францускиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик.

„Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата“, соопштија од „Илинденска“.

Од Владата велат дека предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација, која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.

Верзијата на англиски јазик на европскиот предлог беше објавена на 1 јули, по што започнаа консултациите на премиерот Димитар Ковачевски со претставниците на владината коалиција и опозицијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…