Франција воведува високи даноци за газдите на моќни и луксузни автомобили


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од следната 2020 година Франција законски ќе се позанимава со моќните автомобили кои ги поседуваат богатите Французи, таканаречени muscle cars. Од високите давачки ќе бидат поштедени само електричните автомобили чие купување сè уште се стимулира.

Се воведуваат нови даноци за оние автомобили кои испуштаат многу СО2. Поточно, казнувањето започнува следната година, а сопствениците на автомобили со емисија на СО2 од повеќе од 184 г / км ќе плаќаат и до 20.000 евра годишнен данок. Од друга страна, преостануваат премиите за електрични автомобили од 6.000 евра, кои ќе паднат на 5.000 евра во 2021 година и на 4.000 евра една година подоцна.

Францускиот министер за финансии , Бруно Ле Маир најави укинување на даночната граница од 12.500 евра за автомобили со емисија на повеќе од 174 г / км и можност за драстично зголемување на даноците. Во секој случај, новиот приход треба да и помогне на опаднатата француска автомобилска индустрија, во која се вработени 400.000 работници.

Кога станува збор за електричните автомобили, минатата година биле регистрирани околу 40.000 во Франција, а оваа година 50.000 купувачи добиле бонус. Во иднина, купувачите на електрични автомобили вредни повеќе од 60.000 евра нема да добиваат бонус, додека за поевтините ќе се намалува со тек на времето.