Фото: Заработуваат милиони и можат да си дозволат раскош – Кој фудбалер ја има најскапата вила?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Живееме во свет на кои на фудбалерите им се плаќаат огромни сум, па поради тоа не зачудува што можат да си дозволат да живеат во раскошни вили. Но кој од нив ја има највредната?

Френк Лампард во 2004 за четири милиони фунти купи вила во која живееше со поранешната свршеница, Елен Ривас, но откако нивната врска заврши, тој куќата ја стави на продажба. Одлучи да ја продава за седум милиони фунти, но заинтересирани немаше, па одлучи да ја изнајмува за 9.000 фунти месечно. Во вилата има шест спални соби, три гаражи, сауна, тениски терен, базен и се проценува на вредност од 6.5 милиони фунти.

Џон Тери во 2014 година за 4.35 милиони фунти купи куќа во Колин Монтогмери и во неа има седум спални соби, шест купатила, четири гостински соби, но проблем е што истата често пати е места на крадци. Оваа вила денес вреди седум милиони фунти.

Кристиано Роналдо има куќа во елтиниот дел на Мадрид, а помеѓу соседите му е и Пенелоп Круз. На 8.6000 квадратни метри има седум спални соби, осума купатила, а тука е и фудбалското игралиште за Кристиано Јуниор. Една соба е наменета за трофеите на Роандло, има и базен. Роналдо истакнува дека половина ден го минува во кујната од својата вила вредна осум милиони фунти.

Еден од соседите на Роналдо и Кaка кој во овој момент својата вила му ја изнајмува на Герет Бејл. Во оваа куќа има базен, голем двор во кој Велшанецот дополнително работи на својата форма, а оваа вила вреди девет милиони фунти.

Лионел Меси минатата година за 6.2 милиони фунти купи куќа во Барселона која е дизајнирана од Луис Гаридо, а скоро половина од имотот на оваа куќа го зафаќа базентот. Оваа вила се проценува на вредност од 10 милиони фунти.

Вејн Руни на местото на старата куќа изгради сопствена вила во која вложи 20 милиони фунти, поделена е на три дела, има пет спални соби, базен, двор, џакузи, но и кино кое вреди 12 милиони фунти.

Највредната куќа помеѓу фудбалерите ја има Дејвид Бекам кој во 2013 за оваа вила плати 31.5 милиони фунти. Оваа вила има осум спални соби, две соби наменети за гардероба, соба за игра, спа…Цената на оваа вила порасна за осум милиони фунти, па денес вреди 39.5 милиони фунти. Негови соседи се Роби Вилијамс, Симон Колвел и Елтон Џон.