Home Спорт Фото: Видете како шпанските медиуми се простија од Роналдо!

Фото: Видете како шпанските медиуми се простија од Роналдо!

Трансферот на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е главна тема во целиот свет, откако вчера и официјално беше потврден.

Водечките шпански медиуми денес се збогуваа со Кристиано и му ги посветија насловните страници. Најсилен впечаток секако остава насловната страна на „Марка“, на која има 451 топка што ги симболизира сите голови на Роналдо во „кралскиот“ дрес.

„Нема друг како него“, пишува Марка на насловната. Весникот АС публикуваше слика од неговиот одмор во Грција и напиша „Чао Кристиано, беше убаво, но и тешко“.

И Каталонските медиуми исто така му ја посветија насловната страна на Роналдо и се простија од големиот ривал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…