Фото: Синот на Бонучи навива за Торино и не сакаше да ја слави титулата на Јуве!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересни моменти се случуваа вчера на стадионот на Јувентус каде беше прославена шестата последователна титула, но еден момент посебно го привлече вниманието.

Имено, постариот син на Бонучи, Лоренцо е голем фан на Торино и дефанзивецот не го крие тоа, па често го носи својот син да ги гледа натпреварите на градскиот ривал.

Меѓутоа вчера Лоренцо беше „принуден“ да го облече дресот на Јувентус и да ја слави титулата на својот татко, а тоа воопшто не му се допадна.

Лоренцо цело време беше тажен, не сакаше ни да го допре Скудетото и сакаше да го соблече дресот, па во еден момент почна да плаче.

На срцето не може да му се командува, а неговото дефинитивно му припаѓа на Торино.