Home Спорт Фото: Изненадување за Барселона – Нејмар им дојде на гости!

Фото: Изненадување за Барселона – Нејмар им дојде на гости!

Нејмар минатото лето во непријателски околности ја напушти Барселона, но Бразилецот не го заборава поранешниот клуб и соиграчи.

Нејмар се појави на денешниот тренинг на каталонскиот тим за да ги поздрави своите пријатели.
Се верува дека Нејмар е во Барселона за да земе учество на покер турнир, на кој треба да се појави и Жерард Пике.

Не за првпат Нејмар не се појавува изненадувачки на тренинг на Барселона. Минатиот октомври, неколку месеци по неговиот трансфер во Париз Сен Жермен, фудбалерот повторно ги изненади „сино-црвените“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…