Home Спорт Фото: „Екип“ со брутална насловна страна ги исмеа Пике и Барселона

Фото: „Екип“ со брутална насловна страна ги исмеа Пике и Барселона

Еминентниот француски весник „Екип“ денес со својата насловна страна буквално го шокираше целиот свет.

Имено, францускиот весник направи алузија на моменталните случувања во Каталонија и трансферот на Нејмар кој ова лето ја напушти Барселона и се пресели во Париз.

Трансферот на Нејмар беше главна тема цело лето, а во еден момент Жерар Пике објави слика со Бразилецот и напиша: „Se Queda“ или во превод „Останува“, па крена голема прашина и ги налути луѓето во ПСЖ.

„Екип“ ја искористи таа слика и моменталните случувања во Каталонија па на насловната страна претстави како шпански полицаец со сила и пендрек во рацете го држи Пике, а горе пишува „Se Queda“.

За време на референдумот во Каталонија шпанската полиција употреби прекумерна сила врз демонстрантите па имаше околу 900 повредени луѓе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…