Home Актуелно Фото: Чавков на распит со лисици на раце

Фото: Чавков на распит со лисици на раце

Пратеникот од СДСМ Павле Богоевски на својот фејсбук-профил објави фотографија од Митко Чавков како седи во судница.

„Утрово за својата улога во крвавиот четврток се уапсени Митко Чавков, Горан Ангелов – Ќосето, актерот Владо Јовановски, Игор Дурловски, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Мукоски, поранешниот директор на ФЗОМ, Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и уште неколкумина други.

Според неофицијални информации, во моментов Тарчуловски е сè уште недостапен за полицијата, а Василевски треба денес да се јави на распит“, напишал Богоевски на својот профил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…