Home Шоубизнис ФОТО: Ана Ивановиќ ја објави фотографијата која долго ја чекавме

ФОТО: Ана Ивановиќ ја објави фотографијата која долго ја чекавме

Поранешната српска тенисерка и првата тенисерка на ВТА листата, Ана Ивановиќ објави фотографија на Инстаграм која се чекаше долго време.

Српските медиуми веќе неколку недели пишуваа дека Ивановиќ е бремена, а таа тоа го потврди со најновата фотографија на Инстаграм. На фотографијата се наоѓаат три различни големини на чевли, за Бастијан, Ана и нивното бебе, а во описот стои следново: „Мало продолжување на нашето семејство. Не можам да бидам посреќна“, напиша Ана.

Потсетуваме, Ивановиќ и Швајнштајгер се во брак од летото 2016. година, а венчавката беше одржана во Венеција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …