Home Актуелно Фон дер Лејн предлага ЕУ да премине гласање со квалификувано мнозинство за да се тргне бугарското вето за Македонија

Фон дер Лејн предлага ЕУ да премине гласање со квалификувано мнозинство за да се тргне бугарското вето за Македонија

ЕУ мора да биде способна побрзо да одговори на геополитичките настани и треба да се стави крај на барањето за едногласност во одлуките за надворешната политика, изјави вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за бриселското издание на Politico.

– Треба да преминеме на гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика – рече Фон дер Лајен во интервју за мала медиумска група организирана од нејзината канцеларија пред самитот на Европскиот совет оваа недела на кој се очекува да им се додели кандидатски статус на Украина и на Молдавија.

Фон дер Лајен одговараше на прашање на Политико дали и како ЕУ може да го промени процесот на одлучување, кој најчесто бара едногласност, за да ги прими потенцијалните нови членки, меѓу кои се Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…