Актуелно

Флорида ја легализираше марихуаната за медицински цели, Калифорнија и за рекреативна употреба

Флорида со големо мнозинство ја одобри иницијативата за легализирање на марихуаната, а резултатите од гласањата во други држави за правниот статус на лекот уште се чекаат. Четири држави гласаат за медицинска марихуана, а уште пет одлучуваат легализација на марихуаната за рекреативна употреба.

Со потребни најмалку 60 проценти гласови за одобрување, Амандманот 2 доби 71 проценти од гласовите на Флорида.

Во Калифорнија, Масачусетс, Мејн, Аризона и Невада, во кои веќе е дозволена употреба на марихуаната во медицински цели, гласаа за рекреативно користење на канабисот. Рекреативната употреба веќе е одобрена во четири држави и во областа Колумбија.

Со различните предлози, посебно подготвени во секој гласачки регион, ќе се дозволи употреба на канабис на луѓе на возраст од 21 година и постари. Во сите пет држави, исто така, ќе се легализира поседување на мали количини за лична употреба, и ќе им се дозволи на граѓаните да посадат садници за лична употреба.

Во Флорида, Арканзас, Северна Дакота, каде канабисот останува нелегален, се гласа за првиот чекор кон легализацијата, со што ќе се овозможи медицинска употреба за тешки болести, како што се СИДА, рак, мултиплекс склероза и други. Монтана претходно ја ратификуваше употребата на марихуана за медицински цели, но сега се гласа за либерализација на лекарскиот надзор за пропишување на лекови.

Севкупно, според анкетата спроведена од страна на Галуп во октомври, високи 60 проценти од Американците го поддржуваат легализирањето на марихуаната, која и понатаму е нелегална на федерално ниво.

Деветте предлози се меѓу 154 за кои се гласаше за заедно со претседателските избори во САД, и беа ставени на гласање или преку кампањи за собирање потписи, или како резултат на иницијативи од законодавците на државно ниво.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top