Home Шоубизнис Филмот кој на Канскиот филмски фестивал беше прекинат после 5 минути прикажување – дознајте зошто

Филмот кој на Канскиот филмски фестивал беше прекинат после 5 минути прикажување – дознајте зошто

Премиерата на филмот „Окја“ на Канаскиот филмски фестивал, беше прекината само пет минути по почетокт, поради извиците на негодување на публиката во салата.

Ваквата реакција на публиката претставуваше израз на револт и знак на протест затоа што продуцентот на филмот, компанијата „Нетфликс“, одби да го прикажува остварувањето низ кино салите во Франција.

Публиката го исвирка логото на „Нетфликс“ кое се појави на екранот, по што продолжи со негодувањата, па филмот беше прекинат.

Сепак, набрзо потоа, без никакво објаснување, филмот беше повторно емитуван од почеток.

Главните улоги во „Окја“, кој е оценет како едно од најконтроверзните остварувања на овогодишниот Кански фестивал, ги толкуваат Тилда Свинтон и Џејк Гиленхал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…