Home Спорт ФИФА даде дозвола – Елмас ќе игра за Фенербахче

ФИФА даде дозвола – Елмас ќе игра за Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе може да настапува за турскиот гигант Фенербахче, откако ФИФА денес даде „зелено светло“ за трансферот.

Гигантот од Истанбул на својата интернет страница потврди дека документацијата е прифатена и дека истата е веќе испратена во Фудбалскиот сојуз на Тирција.

„Нашиот фудбалер Елиф Елмас е прифатен да биде регистриран како наш играч, откако ја испративме целата документација во ФИФА за него, поради неговата возраст. Документите за неговата регистрација сега се препратени од ФИФА во турската фудбалска федерација“, соопштија од Фенербахче.

Елмас има на 27-ми септември ќе наполи 18 години со што ќе стане полнолетен и ќе може да настапува за Фенербахче. Сега останува само Федерацијата да дозволи да биде пријавен во тимот до што ќе добие и дозвола за настап.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…