Home Актуелно Фетаи за „Монструм“: Ќе ги објавиме сите „бомби“ – и тие кои ми ги праќаат на мобилен

Фетаи за „Монструм“: Ќе ги објавиме сите „бомби“ – и тие кои ми ги праќаат на мобилен

Во рамки на денес одржаното судско рочиште за случајот „Монструм“ беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето на сите „бомби” поврзани со овој случај под ингеренција на СЈО, односно прислушуваните разговори и СМС пораките, поврзани со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, пренесува Фокус.

„Во судница ќе бидат презентирани сите материјали кои ни ги достави СДСМ, но ќе ги презентираме и разговорите кои мене ми беа испраќани“, појасни обвинителката Фатиме Фетаи.

„Фокус“ веќе објави дека во рацете на СЈО, а сега и на судот има 38.000 „бомби“ поврзани со Монструм.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…