Фергусон пред победа во најважниот натпревар – повеќе не е во кома

ferguson

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сер Алекс Фергусон повеќе не е во кома и покажува први знаци на опоравување после операцијата на мозокот, пишува „Дејли Мејл“.

Еден од најголемите тренери во историјата и понатаму се наоѓа на интезивна нега, но како што пишуваат медиумите на Островот неговата здраствена состојба сега е подобро и веќе може да разговара.

Сепак, патот до целосно опоравување нема да биде лесен.

Веста за здравствената состојба на Фергусон го потресе целиот свет, а претходните денови бројни негови поранешни фудбалери, но и клубови од Англија и цела Европа му посакуваа брзо опоравување.

Сега прогнозите се добри, далеку подобри од оние вести кои се појавуваа кога дојде до мозочниот удар.

Да потсетиме, Фергусон се пензионираше во 2013 година, 26 години беше тренер на Манчестер Јунајтед и за тоа време освои 38 трофеи.