Home Спорт Федерер спаси две меч топки за полуфинале со Кирјос

Федерер спаси две меч топки за полуфинале со Кирјос

Швајцарецот Роџер Федерер и Австралиецот Ник Кирјос ја формираа втората полуфинална двојка на Мастерс турнирот во Мајами.

Роџер Федерер, во меч кој траеше два часа, по голема борба успеа да избори полуфинале на Мастерсот во Мајами, откако најпрвин, во деветтиот гем сервираше за меч но го загуби гемот, потоа пропушти сет топка во десеттиот гем и на крајот спаси две меч топки во тај брејкот. Швајцарецот го победи Томаш Бердих со 2:1 (6:2, 3:6, 7:6).

Во дуелот на младите ѕвезди на светскиот тенис Ник Кирјос во последното четвртфинале го совлада Александар Зверев. Австралиецот по два часа и 36 минути голема борба победи со 6:4, 6:7, 6:3.

Федерер и Кирјос беа четвртфиналисти и на претходниот Мастерс во Индијан Велс, но тогаш Швајцарецот без борба мина во наредната фаза бидејќи поради труење со храна Кирјос му го предаде мечот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…