Home Спорт Фантастичен кам-бек на Ѓоковиќ: Направив се за да ја излечам повредата!

Фантастичен кам-бек на Ѓоковиќ: Направив се за да ја излечам повредата!

По пауза од шест месеци Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот, во егзибициски меч на Кјуонг Класик во Мелбурн го победи Доминик Тим со убедливи 6-1 и 6-4.

Поранешниот најдобар тенисер во светот го победи Тим по 64 минути игра со 6:1, 6:4. Ѓоковиќ одигра мошне сигурен прв сет, во кој на противникот му дозволи да освои само еден гем.

Србинот добро сервираше, во вториот сет при резултат 4:4 спаси неколку брејк топки и на крајот заслужено победи.

„Ова е ми е прв меч во кариерата на кој играм со ‘ракав’. Крадам тајни од Кирјос и се обидувам да сервирам што е можно подобро“, изјави Ѓоковиќ.

„Направив сè за да ја залечам повредата. Минаа шест месеци од мојот последен меч. Ова не е официјален турнир, но ние игравме, а и понатаму играме на резултат. Благодарност до публиката, одлучно е што се вратив“, додаде Новак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…