Фалкао: Поласкан сум од интересот на Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Монако и колумбиски репрезентативец Радамел Фалкао јавно флертуваше со италијанскиот гигант Милан.

Фалкао изјави дека е горд на интересот на Милан и дека му се допаѓа идејата да игра во Серија А.

„Слушнав за интересот на Милан и можам да кажам дека сум горд што толку голем клуб ме следи. Го следат италијанскиот фудбал, ми се допаѓа Серија А, а Милан е еден од најголемите клубови на светот“, изјави Фалкао.

„Меѓутоа јас имам договор со Монако и моментално мислам само на репрезентацијата. Во иднина би сакал да играм во Италија“, додаде Колумбиецот.

„Росонерите“ се во потрага по врвен напаѓач, а Фалкао е само едно од имињата кои се поврзуваат со италијанскиот клуб.