ФА започна распит за инцидентите на „Олд Трафорд“: Откриено кој му ја скрши главата на Артета


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија започна распит за инцидентите кои се случија во тунелот на „Олд Трафорд“, после вчерашното дерби помеѓу Јунајтед и Сити.

Според информациите околу 20 луѓе, фудбалери и луѓе од стручниот штаб на двата клуба, учествувале во инцидентот.

Двата клуба треба да дадат писмени објаснувања до 13-ти декември.

Во меѓувреме медиумите на Островот открија кој ја направил раната на главата на Микел Артета, кој настрада најмногу за време на немилиот настан. Асистенот на Гвардиола бил удрен со шише, фрлено од напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.

Денес Шпанецот ја скри раната на главата со рака од фоторепортерите, кои го очекуваа да пристигне во тренинг базата на Манчестер Сити.