Хаос во Скопје: Отруени неколку кучиња, се трага по сторителите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По инцидентот во кој настрадаа неколку лица од разбеснет ротвајлер, во Скопје почнаа да се трујат кучиња скитници. Надлежните предупредуваат!

Фрлен отров на повеќе места во скопските општини Карпош и Аеродром, угинаа кучиња и мачки. Невладините бараат надлежните да ги пронајдат сторителите. Инспекторите се на терен. Од Град Скопје велат дека е формирана работна група за следење на работата на стационарот Вардариште, јавува МРТ.

Кучиња и мачки угинаа откако на повеќе локации во главниот град бил фрлен отров. Жители на општините Карпош и Аеродром каде што се евидентирани вакви случаи, апелираат да се казнат сторителите, велат дека се доведени во опасност и нивните најмили.

Од општина Карпош најостро го осудуваат овој нечовечки чин. Инспекторите се на терен, најавени се санкции. Реакција и од општина Аеродром.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека само со чипирање на уличните кучиња ќе се спречат инцидентите и би се нашле неодговорните сопственици. Формирана е работна група за следење на состојбата во стационарот Вардариште.

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ итно ги повикува институциите да ја смират јавноста, да извршат истраги на терен, во земјоделските аптеки, пазарите каде што се купува отров и да ги санкционираат најстрого сите кои труејќи предизвикуваат јавна опасност и вршат строго казниво кривично дело.

Извор: МРТ