Home Актуелно Еврото со вредноста падна под доларот

Еврото со вредноста падна под доларот

Еврото денеска падна на 20-годишен минимум на ниво под еден долар и се тргнува на ниво од 0,9952 долари за евро.

Ова се должи на намалената побарувачка поради загриженоста од електро-енергетската криза и политичките превирања во Италија. Во меѓувреме, американската валута зајакна поради очекувањата за агресивно зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви.

Ова е најниско ниво на еврото од декември 2002 година, додека доларот е на највисоко ниво од септември 2002 година.

Завчера за првпат по 20 години еврото се израмни со доларот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…