Home Шоубизнис Европската „Содома и Гомора“ го спречува дивиот аздис и лумпување

Европската „Содома и Гомора“ го спречува дивиот аздис и лумпување

Британските медиуми шпанското одморалиште Магалуф често го нарекуваат „европска Содома и Гомора“ бидејќи тоа е местото кое младите Британци со години го одбираат за див провод, лумпување, бесни журки и аздис.

На тој шпански остров властите одлучија да ги забранат сите „all-inclusive“ понуди кои вклучуваат бесплатен алкохол, сè со цел да го обелат образот на нивниот остров и да му го „исчистат имиџот“ како летувалиште. Градските челници заклучиле дека пијаните туристи создаваат лоша слика за таа област, а се покажало дека после таа мерка, интересот за Магалуф паднал за дури 49 насто.

A post shared by ✈️☀️MAGALUF✈️☀️ (@magaluf_events_) on

На состанокот кој бил одржан во локалното градско собрание било заклучено дека решението за повторно привлекување туристи е удар на „туризмот на пијанчење“ во кој предничат Британците. Поради тоа, градската управа, која опфаќа 18 туристички зони на островот, забрани хотелски и други понуди кои вклучуваат бесплатен алкохол.

A post shared by ✈️☀️MAGALUF✈️☀️ (@magaluf_events_) on

Сопственикот на едно локално кафуле за Daily Star изјави дека Магалуф привлекува ситни криминалци токму поради имиџот на место каде луѓето масовно се опиваат. „Кај нас таквото опивање не значи дека луѓето мат да се забавуваат и добро да си поминат“, вели тој.

A post shared by ✈️☀️MAGALUF✈️☀️ (@magaluf_events_) on

Но, британските турстички агенции тврдат дека токму таквите понуди се клучни за привлекување туристи. Портпаролот на една агенција за британските медиуми изјави дека дури 23 насто од луѓето резервираат „all-inclusive“ понуди при организирање на летниот одмор и дека за таквите понуди најзаинтересирани се младите луѓе, тазе брачните парови и пресно формираните семејства.

A post shared by ✈️☀️MAGALUF✈️☀️ (@magaluf_events_) on

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …