Еве што ќе му се случи на автомобил во судир ако се најде меѓу два шлепери (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реална симулација во контролирани услови беше изведена со цел да се покаже што ќе се случи ако големо товарно возило со товарена приколка удри во колона од возила пред него, во сообраќаен метеж во кој возачите не се придржуваат до правилата за определено меѓусебно растојание.

Во овој тест камионот се движи со 43 км на час и целосно ја уништи Шкодата пред него. Значи, ова е релативно мала брзина. Не е тешко да се замисли што се случува кога брзината е поголема.

Ова е причината зошто ова видео е добар потсетник за сите: претпазливоста во сообраќајот никогаш не е доволна.