Еве колку заработија првите луѓе на гигантот Apple во 2019 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главниот извршен директор на технолошкиот гигант Apple, Тим Кук, во изминатата 2019 година оствари заработка од 11,56 милиони долари, што претставува пад на заработувачката од 26% за разлика од 2018 година кога заработи 15,7 милиони долари, пренесува „Фокс Бизнис“.

Падот на приходите и покрај фактот дека акциите на Apple го достигнаа своето највисоко ниво минатата година се должи на промената во начинот на плаќање на директорите во компанијата. Кук и неговите колеги добија 128% од таргетираната исплата, што е пораст од 200% во 2018 година.

Акциите на Apple се искачија на 300 долари за прв пат кон крајот на декември, затворајќи се завчера на 297,43 долари.

Основната плата на Кук од 3 милиони американски долари остана непроменета од претходната година. Акциите на компанијата се зголемија за скоро 90 проценти во 2019 година.

Главниот директор за финансии на Apple, Лука Маестри минатата година оствари приход од 25,2 милиони американски долари, иста сума како главниот оперативен директор, Џеф Вилијамс.