Еве колку време трае мирисот на парфемот, на тоалетната и на колонската вода


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дали знаете што е разликата помеѓу парфме и лосион за после бричење? Ако мислите дека разликата е во намената, се лажете. Сите мириси кои се користат со цел за дотерување се добиваат врз основа на концентрација на миризливо масло во алкохол и вода.

„Мирис“ општ, унисекс израз за сè што мириса убаво, односно за сите козметички производи кои користат некое количество на миризливо масло разредено во вода и алкохол. Во зависност од концентрацијата се добива и различното име.

Eau fraiche – трае помалку од еден час и тоа е најразредената варијанта на мирис, обично со 1 до 3 насто парфемско масло во алкохол и вода.

Eau de Cologne – трае околу два часа и тоа е најстариот израз за парфем, користен во Северна Америка за машките мириси. Лесен, свеж и овошен обично има 2 до 4 насто парфемско масло во алкохол и вода. Најмногу се користи за мирисање од страна на млади луѓе.

Cologne – трае од 2 до 3 часа и има од 1 до 3 насто миризливо масло.

Eau de toilette – Трае околу три часа. Лесна мешавина од спреј со 5 до 15 насто миризливо масло во раствор со алкохол.

Eau de parfum– трае од 5 до 8 часа. „Расипана“ верзија на латинската фраза per fumum (низ чад). Најконцентриран и најскап парфем. Благо масен, парфемот е составен од 20 до 30 насто миризливо масло.

Мирисните ноти и траењето

Траењето на мирисите може да се подели на три вида, во зависност од брзината на испарувањето.

Топ нотата е почетен, лесен мирис на парфемот кој прв стигнува до носот. Неговото траење се движи од 15 минути до 2 часа. Обично такви се цветните и овошни мириси, морската нота и некои зачини.

Средната нота ги истакнува главните елементи на парфемот. Таа нота се развива бидејќи основната нота испарува и може да трае од 3 до 5 часа после распрскувањето.

Основната нота е верзија на мирис за кожата и тоа е „потешкиот“ мирис кој се чувствува после извесно време. Основните ноти го прават темелот на парфемот и одредуваат колку долго ќе трае истиот врз кожата. Основната нота може да се почувствува 5 до 10 часа после нанесувањето. Типични основни ноти на парфемот се мирис на сандалово дрво, мирис на растението Chrysopogon zizanioides, ванила, катран, кожа, чад, тутун и мускатно оревче.