Home Шоубизнис Еве колку пари понудил како кауција Роналдињо за да го пуштат од затвор

Еве колку пари понудил како кауција Роналдињо за да го пуштат од затвор

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо спремен е да плати огромна кауција за да излезе од парагвајскиот затвор Асунсион, каде што беше затворен заради влез во Парагвај со лажни патни документи.

Некогаш најдобриот играч на светот, кој славата ја стекна во шпанскиот клуб Барселона, се наоѓа во затвор веќе десетина дена откако се обиде да влезе во Парагвај со лажен пасош на таа држава.

Роналдињо, со кого зад решетки заврши и неговиот брат Роберто, станал главна атракција во затворот, но тој на сите начини се обидува да излезе на слобода, барем условно. Двајцата браќа со посредување на адвокатот понудиле 800.000 евра како кауција, но обвинителството го одбило тој предлог.

Сега наводно понудата на браќата од Бразил достигнала сума од 1,5 милиони евра за да го напуштат затворот и да бидат во домашен притвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…