Еве колку пари бара Палермо за Несторовски!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашиот репрезентативец Илија Несторовски е едно од најголемите откритија во Серија А сезонава откако постигна седум гола на 13 натпревари.

Илија Несторовски импресионира со играте во својата деби сезона во Серија А, па го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои и Наполи.

„Наполитанците“ во јануари ќе се обидат да донесат нов напаѓач како замена за повредениот Аркадиш Милик, но и неколку други клубови се заинтересирани за Македонецот.

Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини веќе ја одреди цената за Несторовски и им порача на заинтересираните клубови дека нема да разгледува пониски понуди од таа сума.

„Нема да го продадеме Несторовски во јануари. Неговата цена сега е помеѓу 15 и 20 милиони евра. Секоја понуда под оваа сума нема ниту да ја разгледуваме“, изјави Зампарини.

Палермо ова лето го купи Несторовски од Интер Запрешиќ за само 500.000 евра, па сигурно може многу да заработи од неговата продажба.