Еве колкава е заработката на Ferrari од еден продаден автомобил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот произведувач на спортски луксузни автомобил Ferrari во 2019 година продал 10.131 примероци од своите автомобили.

Ferrari зад себе има многу успешна година во која по прв пат во историјата за 12 месеци на купувачите има се испорачани повеќе од 10.000 автомобили.

Во скоро сите региони од светот, освен на американскиот контитент е забележан раст на продажбата на Ferrari, а заработката е зголемена за 10,1% во однос на 2018, пишува сајтот „Fiat Group World“.

Истиот извор наведува дека заработната од продажбата на 10.131 автомбил во просек изнесува дури 86.369 евра по возило.

За споредба, BMW мора да продаде 30 автомобили за да заработи толку колку што на Ferrari му носи еден Автомобил, а за VW да оствари толкав профит треба да продаде 56 возила.

На Mercedes иста заработна би му донеле 67 продадени автомобили.

Интересно е дека Ferrari во 2018 година продал помалку возила отколку во 2019 но заработката била уште поголема за едно возило (86.801 евра).