Еве колкав кратер отвори стравичната експлозија во Бејрут (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во експлозијата која се случи во пристаништето во Бејрут, Либан, починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови. Се проценува дека оваа катастрофа државата ќе ја чини 15 милијарди долари.

Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.

Според Си-Ен-Ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што бил направен со експлозијата е голем околу 124 метри.

Си-Ен-Ен ги објави информациите засновани врз анализа на сателитски снимки.

Ова значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. Си-Ен-Ен додава дека нивната проценка може да варира на повеќе или помалку од 10 метри.