Еве кои кандидати за членови на антикорупциска добија најмногу бодови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Објавена е ранг листата од 57 кандидати за нови членови на антикорупциската комисија според бодување на нивните кандидатури.

Највисоко рангиран со освоени 100 поени е Владимир Георгиев, државен советник во комисијата а на второто место е Софка Пејовска Дојчиновска, генерален секретар на комисијата. На третата позиција е ревизорка Катица Николовска, четврти е Нури Бајрами, вработен во општина Гостивар, петта Билјана Ивановска, исто така ревизорка. На шестото место е новинарот Горан Трпеноски од порталот „Сакам да кажам“ а седми е Шемши Салаи од општина Врапчиште.

Ранг листата со кандидати утре треба да се најде пред комисијата за избори и именувања на која , според рангирањето треба да се изберат претседател и шест членови. Сепак, комисијата може и да не ги прифати седумте најдобро рангирани кандидати. На потег потоа е собранието кое треба да ги изгласа на пленарна седница. Новите членови на Антикорупциска комисија меѓудругото ќе треба да го мониторираат и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните избори за претседател на државата.

Лустратор, поранешен разузнавач, обвинител, новинар, судии, адвокати, професори, поранешни функционери, актуелни државни службеници,донатори и членови на партии, невработени и пензионери. Ова е само дел од листата со 57 кандидати кои ги поминаа интервјуата за новиот состав на антикорупциска.