Home Актуелно Еве какво време носи во Македонија првиот есенски ден

Еве какво време носи во Македонија првиот есенски ден

Првиот есенски ден во Македонија носи студени утра, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица. Од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…