Home Актуелно Северната хемисфера на Земјата денеска ја дочека есента

Северната хемисфера на Земјата денеска ја дочека есента

Есента во Македонија, како и на целата северна хемисфера, почна денеска во 3:03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 266-от ден, во 38. седмица од годината, и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути.
Есента ќе трае до 21 декември во 23 часот и 48 минути, кога календарски започнува зимата.

Според прогнозата на синоптичарите, на првиот ден од есента времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…