Еве какво време носи овој јануарски четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, четврток, 21 јануари, времето во Maкедононија денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до минус 2, а дневната од минус 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 5, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Маврово 3, Охрид 7, Битола 6, Крива Паланка и Берово 6, Кавадарци 10, Дојран 12.

Ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините на северозапад од снег со променлив интензитет. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.