Еве какви последици остава КОВИД-19 кај дел од пациентите кои го прележале вирусот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пациент на возраст од 67 години, кој прележал КОВИД-19, два месеци е на Клиниката за пулмологија и алергологија со последици од коронавирусот.

И покрај двата негативни теста по напуштањето на ковид болницата каде бил хоспитализиран, тој поради тешкотии со дишењето продолжил да се лекува на Клиниката за пулмологија. Според доктор Докиќ човекот немал никакви претходни заболувања, со тоа се покажува дека тешки пациенти од Ковид 19 не се само оние со хронични заболувања. Според неговото искуство многу влијание има и имунитетот.

Белите линии на снимките ги покажуваат оштетувањата на белите дробови, со вакви снимки на оваа клиника неделно доаѓаат и до четворица пациенти. Голем дел од нив добиле негативни тестови, но починале од компликациите од вирусот. Во болницата физиотерапевт работи со вежби за дишење, примаат антитромболична терапија и антибиотици.

Во болницата секој член од персоналот кој влегува во болничкиот дел поминува на термална камера, доколку покаже зголемена температура не може да влезе во делот каде се хоспитализирани пациентите. Температурата под 37 степени е виза вратата да се отвори и да заминат во овој дел. Од септември во оваа клиника се очекува пораст на пациенти кои имаат белодробни заболувања слични на ковид 19. Во монтажната барака ќе доаѓаат на прегледи пациентите со ХОББ, астма, и други белодробни заболувања. Оваа болница ќе биде тријажен центар каде ќе се проверува состојбата на пациентот од самиот влез со мерење температура, доколку пациентот е позитивен веднаш се препраќа во ковид центар. Од клиниката за пулмологија се надеваат дека ќе ги добијат брзите тестови кога за еден час би се добил резултатот на пациент кој има симптоми на ковид 19. Болницата има посебен влез и излез со посебни шалтери со цел да не се мешаат пациентите кои доаѓаат.