Home Спорт Еве како гласаа Пандев и Ангеловски во изборот на ФИФА

Еве како гласаа Пандев и Ангеловски во изборот на ФИФА

ФИФА ги избираше најдобрите во Милано. Наградата за најдобар играч отиде во рацете на Лионел Меси, пишува Спортски.мк.

Во изборот за најдобар гласаа капитените и селекторите на репрезентациите, па така својот глас го дадоа Игор Ангеловски и Горан Пандев.

И Пандев и Ангеловски не дадоа ниту еден бод за Аргентинецот.

Ангеловски и Пандев исто ги распределија гласовите, пет поени доделија на Ван Дајк, три на Мане и еден Салах.

Кога се дамите во прашање Наташа Андонова најмногу бодови даде за победничката Меган Рапино, а потоа на нејзината листа следуваа Луси Бронз и Алекс Морган. Селекторот Кирил Изов пет поени даде за Алекс Морган, три за Мидема Вивиан и еден за Елен Вајт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…