Home Спорт Еве како гласаа македонскиот селектор и капитен!

Еве како гласаа македонскиот селектор и капитен!

Кристиано Роналдо очекувано и заслужено е прогласен за најдобар фудбалер за 2016 година во изборот на ФИФА.

Во гласањето на ФИФА за најдобар фудбалер и тренер за 2016 година учествуваа селекторите и капитените на сите репрезентации, а меѓу нив и македонскиот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.

Според официјалниот листинг на ФИФА, двајцата гласале идентично, односно најмногу поени му доделиле на Кристиано Роналдо, втор меѓу финалистите го поставиле Лионел Меси, а најмалку гласови добил Антоан Гризман.

Во изборот за тренер на годината, Пандев гласаше за Зидан пред Раниери и Симеоне, а Ангеловски максимален број на гласови му дал на Раниери, а потоа гласал за Зидан и Симеоне.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…