Home Актуелно Еве досега кој од обвинетите за „крвавиот четврток“ има поднесено барање за амнестија

Еве досега кој од обвинетите за „крвавиот четврток“ има поднесено барање за амнестија

Пратеникот Крсто Мукоски, кој на „крвавиот 27-ми април“ беше еден од пратениците кои ги отворија собраниските врати за гневната толпа која протестираше пред Собрание да влезе внатре, е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд, пренесува Телма повикувајќи се на судски извори.

Меѓу оние кои поднеле барање се Никола Митревски-Кољо, кој неколку месеци беше во бегство, а на крвавиот четврток носеше фантомка, Оливер Радулов, кој е вработен во УБК и ги изнесувал хард дисковите со собраниските безбедносни снимки.

Барање за амнестија поднел и Младен Додевски. Претседателот на кривичниот суд Иван Џолев потврди само дека вкупно 5 барања биле доставени до кривичниот суд до крајот на работното време вчера.

Џолев не прецизираше кои лица побарале амнестија и во која фаза од постапка пред суд се обвинети. Адвокати на обвинетите Сашо Василевски и Александар Василевски- Нинџа потврдија дека нивните клиенти во понеделник ќе поднесат барања за амнестија.

Крајниот рок да се побара амнестија е вторник. Потоа во рок од 5 дена судот и обвинителството треба да се изјаснат дали го прифаќаат барањето за амнестија или ќе продолжи постапката против барателите.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…