Home Актуелно ЕУ и Јапонија заземаат страна во трговската војна меѓу САД и Кина

ЕУ и Јапонија заземаат страна во трговската војна меѓу САД и Кина

Европската унија и Јапонија најавија соработка со САД во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави – при што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина.

Тоа беше договорено на средба на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европската комесарка за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

– Повторно беше изразено нашето незадоволство и се потврди заедничката посветеност на борбата за фер трговски пракси и запирање на нелојалната конкуренција, соопштија тројцата претставници.

САД отпочнаа трговска војна чија главна цел е Кина, со воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царини за американски земојделски и други производи. Трите земји индиректно ја осудија Кина и за праксата на крадење интелектуална сопственост – пред се патенти на компаниите од технолошката индустрија

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…