Home Шоубизнис Ентони Хопкинс: „Животот е студен, не ми е гајле за ќерка ми“

Ентони Хопкинс: „Животот е студен, не ми е гајле за ќерка ми“

На прашање за време на интервјуто за радио Times дали има внуци, славниот холивудски актер Ентони Хопкинс едноставно и студено одговори: „Немам поим“.

„Луѓето се разделуваат. Семејствата се разделуваат и… знаете, тераме понатаму. Луѓето донесуваат одлуки. Не ми е гајле ни вака ни така“.

Кога новинарот му спомна дека тоа звучи студено, тој продолжи: „Па студено е, бидејќи животот е студен“.

Прашањето се појави за време на интервјуто за улогата на Хопкинс како кралот Лир во филмот на Би-би-си од Шекспировата драма. Лир, се разбира, има проблематичен однос со своите ќерки.

Хопкинс има само едно дете, Абигејл, родена од неговата прва сопруга Петронела Баркер, но Хопкинс го напуштил семејството кога таа имала 14 месеци за да живее со друга жена.

Хопкинс и Абигејл накратко се смирија во 1990-тите и таа всушност се појави во два негови филма. Очигледно, сепак, 80-годишниот актер пак е отуѓен од 48-годишната Абигејл, која го користи или го користеше презимето Харисон, иако на нејзината официјална веб-страница стои презимето Хопкинс.

Сан објави дека таа е пејачка-текстописец и глумица, која во минатото има кажано дека нејзиниот однос со Хопкинс придонел за нејзините борби со зависноста од дрога и со менталното здравје.

И не, според Телеграф, таа нема деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …