Ентони Хопкинс ги „задева“ Сталоне и Шварценегер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холивудската и светска актерска легенда, сер Ентони Хопкинс, на неговиот Твитер профил сподели видео од предизвик за танцување и ги повика колегите Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер да му се придружат.

„Одлични движења, господине Хопкинс“, „Останете здрав, вие сте наше национално богатство“, се дел од коментарите на фановите.

Откако започна пандемијата на коронавирусот, Хопкинс е повеќе активен на социјалните мрежи.