Home Спорт Емери најде изговор: Судиите беа против нас!

Емери најде изговор: Судиите беа против нас!

Тренерот на ПСЖ Унаи Емери жали за пропуштената можност да ја елиминираат Барселона, но вели дека судиите со своите одлуки влијаеја на високиот пораз на неговиот тим.

Тимот на Емери имаше активен резултат се до 88-та минута, кога настана вистинска драма и Барселона постигна три гола за вкупни 6:1, што беа доволни за Каталонците да испишат нова фудбалска историја.

„Пропуштивме неверојатна можност да ја елиминираме Барселона. Во првото полувреме направивме неколку грешки, но во продолжението од мечот одигравме помирно. При 3:1 имавме две големи шанси за 3:2, а потоа следуваа судиски одлуки кои беа против нас и се изгубивме во последните минути“, истакна Емери и додаде:

„Барселона е способна да го направи ова што го направи. На овој стадион се е можно. За нив последните минути беа да се биде или не, и успеаа. Ова е негативно искуство за мене и за клубот. Треба да учиме од него“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…