Home Живот ЕМА препорача засилена вакцина на Фајзер како бустер против омикрон-варијантата на коронавирусот

ЕМА препорача засилена вакцина на Фајзер како бустер против омикрон-варијантата на коронавирусот

Европската Агенција за Медицина (ЕМА) препорача комбинирана засилена вакцина против омикрон варијантата на коронавирусот BA.4/5, неколку дена откако одобри две вакцини против постарата варијанта BA.1.

Станува збор за т.н бивалентна вакцина од Pfizer и BioNTech, која ги таргетира и BA.4/5 и оригиналниот вид на коронавирусот кој првпат се појави во Кина во декември 2019 година.

Додека постоечките вакцини обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, со еволуцијата на вирусот, нивната ефикасност во заштитата од инфекција се намалува. Претходно овој месец, EMA ја одобри вакцината Pfizer-BioNTech и Moderna против варијантата BA.1.

Европските власти во последниве месеци навестија дека прво треба да се користи вакцината против постарата варијанта BA.1, имајќи предвид дека развојот на оние кои конкретно ги таргетираат варијантите на омикрон BA.4/5 е одложен.

Load More Related Articles
Load More In Живот
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…