ЕМА: Потребни се две дози вакцина против делта сојот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потребни се две дози на вакцина за заштита од Делта варијанта на коронавирусот, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

ЕМА ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет.

„Потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта“, се вели во соопштението на ЕМА.

Европскиот регулатор препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека.